Во Струга се одржа дебата на тема „Предзвиците на младите низ променливите времиња“

- Локални
554

„Предзвиците на младите низ променливите времиња“ е насловот на отворената дебата која што беше организирана од страна на Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга.

На дебата беа отворени  голем број дискусии за теми кои што не ги засегаат само младите, туку целото општество како целина.
На дебатата присуствуваа ученици, психолози и директорите од основните и средните училишта во Општина Струга а презентираа и модерираа доц. д-р Дашмир Насуфи и Флака Положани докторант на Правниот Факултет во Скопје.

На отворената дебата присутните се едуцираа за правата и должностите на младите, булизмот и насилството како вознемирувачка појава во училишта , односот психолог–ученик и обратно, како и улогата на родителите во воспитувањето на децата и причините кои доведуваат до малолетничка деликвенција.

Една од темите на која и се посвети најмногу внимание беше булизмот и односот на учениците со нивните родители и училишниот психолог. Учениците споделуваа мислења и искуства за булизмот и се дискутираше за улогата на општеството и технологијата како предизвикувачки фактор на виртуелното малтретирање ( булизам).

Како заклучок од оваа дебата присутните научија дека борбата против булизмот, и против факторите кои ги предизвикуваат овие појави, треба да почне од нас како поединци, како дел од општеството, а потоа  со помош на стручните лица кои знаат и умеат да се справаат со ваквите појави, каде што посебено внимание треба да се посвети на злоyпотребата на технологијата, односот родител- дете, родител-наставник и односот ученик-психолог или родител-психолог оставајќи ги зад нас табуата во врска со улогата на психологот.

Strugaonline

Facebook Коментари