„БАЛКАНСКА 3а/2 “од Дејан Дуковски, премиерно на репертоарот во НУЦК Охрид и Народен театар Охрид

- Локални
813
Во недела (2-ри јуни) со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура во Охрид ќе се игра претпремиера на претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, а во режија на Ана Батева.
Премиерата е закажана за во  понеделник 03.06.2019 година со почеток во 20:00 часот.
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие.
„Балканска 3а/2“ е и  трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на
однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење.
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ
на денешното живеење.
 Во преставата играат: Стрезо Стаматовски како Илија, Елизабета Стефановска во улогата на Мирна, Филип Кипровски го толкува ликот на Арслан, а како потстанар глуми Никола Тодоровски.
Билет за претпремиерата чини 200 денари, а за премиерата цената е 250 денари.
Strugaonline

Facebook Коментари