Денеска во Струга завршува манифестацијата „Година на есејот 2019“

- Локални
866

По повод 158 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на Браќата Миладиновци ( Загреб 24.о6.1861 ), на 3, 4 и 5 јуни 2019, во Струга се одржа 13-та Меѓународна литературна манифестација „Година на есејот“. На  книжевната манифестација  учествуваа есеисти, теоретичари и писатели од Балканот и Европа.

Свеченоста на Академијата започна со полагање цвеќе на споменикот на  Браќата Миладиновци и на бистата на Јосип Јурај Штросмаер.

Свеченото отворање на 13.-та Меѓународна литературна манифестација „Година есејот 2019“,што ја организира Медитеранската Акаедмија „Браќа Миладиновци“-Струга чии директор е писателот Разме Кумбароски, започна со ОДА: „Т,га за југ“ на композиторот Зафир Хаџиманов.

Литературниот портрет на Лауреатот – Современиот турски есеист и писател Метин Ченгиз, одржа Ерол Туфан, писател од Турција.

Во чест на Лауреатот беше одржан камерен концерт и истовремено му беше врачено Меѓународното литературно признание „Академија на Медитеранот“ , „Свечена Повелба“ и „Македонска Вечност.“

Во рамките на оваа литературна манифестација беше промовиран романот „Студ“ од современиот македонски писател Разме Кумбароски, а промотор беше д-р Хелена Саблиќ-Томиќ.

Текст: Стојан Кукунешоски

фото: aрхива

Strugaonline

Facebook Коментари