На 7-ми јуни годишен концерт на ученците од Државното музичко училиште во Струга

- Локални
792

Учениците од Државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга ќе го одржат завршниот годишен концерт.

Годишниот концерт ќе се одржи в0 петок, на 7-ми јуни, со почеток во 18:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

На концертот ќе настапат членовите на училишниот хор како и учениците Игор Климовски, Давид Нелоски, Бојан Стојаноски, Александар Грунчевски, Климент Ѓорѓиоски, Еритон Исмаили и други.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари