Стружанката Ангела Ѓелинческа е дел од македонскиот тим кој обезбеди финале на „City games“ во Србија

Тим од Македонија се избори за место во финалето на „City games“ игри на вода чие полуфинале се одржа во Србија. Нашите претставници го освоија второто место и обезбедија влез во супер-финалето. Дел од македонскиот-тим натпреварувачи беше и стружанката Ангела Ѓелинческа која заслужено ја носи титулата фитнес шампион. Покрај Ангела, од Македонија учествуваа и Даниел Трбогазов – професионалец по пливање, Марко Гоцевски -гимнастичар, Петар Стојаноски-гимнастичар, Дарко Тасевски – crossfit-er, Даниела Велеска -фудбалерка и Рената Соколоска – атлетичарка.

На ова натпреварување учествуваа претставници на Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Финалето од „City Games“ ќе се одржи во август во Словенија и ќе биде во конкуренција на ниво на цела Европа.

„Moраме да се подготвуваме и да дадеме се од себе, бидејќи финалето ќе биде на европско ниво и многу силна конкуренција. Како тим од активни спортисти и колеги од Македонија, заедно функционираме одлично. Постојано се бодриме помеѓу себе , си помагаме и токму тоа е формулата која не’ однесе во супер финалето!“ – вели Ангела Ѓелинческа за Strugaonline.
Strugaonline

