Денеска ќе преовладува претежно сончево и топло време, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 30 до 39 степени. Утре ќе биде сончево и доста топло со максимални 39 степени низ Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Извор: УХМР
Facebook Коментари