Oд полноќ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, a цените на бензините остануваат исти.-одлучи Регуларотната комисја за енергетика.
Согласно одлуката, и оваа недела Еуросупер БС 95 ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а Еуросупер БС 98 по цена од 71,50 денар.
За половина денар се зголемува цената на дизелот и од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.
Facebook Коментари