Лев банер Десен банер

Синоќа во Радожда беше промовиран “Пеколот на ангелот” роман првенец на писателката Славица Шајноска од Радожда

Синоќа во Радожда беше промовиран романот “Пеколот на ангелот” од современата македонска писателка Славица Шајноска од Радожда.

Станува збор за првенец-роман на младата Шајноска која го има неспорниот талент и голема дарба за пишување, преточен веќе во нејзиниот првенец роман “Пеколот на ангелот”. Роман кој што е лесно читлив и ја доловува сегашноста од нашето живеење, пред се на младите. Роман, што се чита во еден здив, роман што ќе стане семејна книга и лектира за сите генерации, со силна нишка дека дека секој чекор на младите низ нивниот живот за подобро утре е исполнет со многу предизвици. Роман кој што носи животна лекција, поука која вреди да остане длабоко во срцата на секој поединец

И двајцата промотори на книгата, поетот Митре Мангоски Радождански и новинарот Наум С. Кутаноски, и двајцата од Радожда, недвојбено го потврдија силниот талент на младата писателка Славица Шајноска, со силен впечаток дека станува збор за извонреден талент за пишување и дека пред Славица Шајноска патиштата на прозното остварување и творење се ширум отворени.

“Славица Шајноска има силна и вродена дарба за пишување, што го потврдува со овој нејзин првенец, но, и енергично го прифатила предизвикот за натамошно творење со силна желба дека прозното творешто ќе биде нејзин постојан животен предизвик”, речиси идентично и едногласно порачаа на промоцијата промоторите Мангоски и Кутаноски.

“Славица Шајноска од денес, со овој нејзин роман веќе влегува во редот на младите и надежни македонски писатели пред која претстои светла литературна иднина” – истакнаа промоторите Митре Мангоски Радождански и Наум С. Кутаноски.

Славица Жарко Шајноска од Радожда, е ученик во Општинското средно училиште “Нико Нестор” – Струга, економска струка. Кога животот приредува разни пречки, знае преку пишување да го искаже тоа што го чувствува и мисли, сочувствувајќи се со сите оние кои плачат нечујно, длабоко во себе. Никој да не почувствува колку всушност се кревки и можат да се скршат. Никој да не ги исмева за нивните емоции и чувства и да ги искористи нивните слабости. Листот и пенкалото се нејзините верни и ќе бидат вечни другари кои ги познава уште од мали нозе. Ужива во читањето книги, проследено со насмевки и солзи.

StrugaOnline

error: