Во преполно игралиште и одличен ракомет заврши четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“. Натпреварите започнаа во 17:45 часот каде за петто место играа екипите на Бутел Скопје и Пролетер Зрењанин, Бутел го совлада Пролетер со резултат 34:29.
Потоа во 19:20 часот следуваше натпреварот за третото место помеѓу РК Струга и Ескилстуна Гуиф, струшкиот тим во последните минути од натпреварот имаше можност да дојде до израмнување но за жал изгубија од шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со резултат 26:28.
Големото финале на четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“ започна во 21:10 часот каде играа грчкиот тим А.Е.К. Атина и македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник, гледавме вистински ракомет и желба за победа.
На крај А.Е.К. Атина славеше над Еурофарм Работник со 27-23 и е освојувач на титулата на четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.
Финалето го следеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, како вистински подржувач на спортот во Струга.
Бројна публика во одлична атмосфера ги следеше натпреварите на квалитетните екипи, организацијата на турнирот и годинава беше на висина на својата задача и ги исполнуваше очекувањата на љубителите на ракометот.
Извор и фото: StrugaOnline
Facebook Коментари