Лев банер Десен банер

Во Охрид одбележана десеттата годишнина од потонувањето на бродот „Илинден“

Пред спомен обележјето на градскиот кеј, денеска беше одбележана десетгодишнината од најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро, потонувањето на бродот „ Илинден“ .

Букети свежо цвеќе, пред спомен обележјето, положија заменик-градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, како и претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението 5 септември, политички партии и здруженија на граѓани.

На одбележувањето беа презентирани и скици од новиот споменик, кој е изработен, а ќе биде поставен  по донесувањето на одлука на Советот на општина Охрид и усвојувањето на петгодишниот план за споменици и спомен обележја.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот.

Извор и фото: Општина Охрид

Strugaonline

error: