Во тек се уписите во КУД „Илинден“-Струга, станете дел од големото фолклорно семејство

- Локални
918

На 1-ви септември започнаа уписите во КУД „Илинден“ -Струга. Станува збор за културно-уметничко друштво кое постои триесет и шест години, негува долга традиција и во негови рамки пораснаа генерации кои заедно го негуваат фолклорот со песни и игри автентични за македонската традиција и култура.

Доколку сакате да станете дел од нивното фолклорно семејство, запишувањето се врши секој работен ден од 18:00 до 21:00 часот и сабота од 12:00 до 16:00 часот во просториите на Н.У Центар за култура „Браќа Миладиновци“ или на телефонскиот број 078 240 493.

Уписите траат до 1-ви ноември.

Strugaonline

Facebook Коментари