Во рамки на програмта „Раздримување /disDRIMing: Етичкото и естетичкото во ангажираната уметност“, на 26ти септември (четврток), тимот на Drimon го носи можеби најангажираниот и естетски најавангадниот меѓу институционалните театри, Народен театар Битола со театарското кабаре „ПИЈАНИ“ во режија на Марјан Ѓеорѓиевски.
„Живееме млитав живот полн со банални проблеми; капиталистичката машинерија ги одзема од нас основните етички и морални вредности правејќи нè лицемерни, празни, изгубени, подли, неспособни да се променуваме и да бидеме подобри луѓе.
Се изгубивме себе си, а тие до нас стануваат лешеви кои по некоја механика нè поднесуваат; се замислуваме богови на земјата, а единствено што постигнуваме е полно его-станавме муцки полни фалба и ништо друго.
Ова е претстава не одговора, оваа претстава поставува прашања: што е вистината, до каде стигнавме, што направивме, какви сме денес, како да си кажеме дека сме изгубена генерација, дека заборавивме да простуваме; како на крајот од трката сфаќаме дека сè е бесмислено, банално. Ете тогаш започнува тишината, тогаш започнува и горчливата комедија – „Пијани ”. – вели ражисерот Марјан Ѓеорѓиевски.
Во знак на долгогодишното и континуирано партнерство со ИНКА, претставата е овозможена во соработка со Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, а по повод јубилејната прослава седумдесет и пето години од основањето на Народна Библиотека и шеесет години од основањето на Домот на културата во Струга.
Програмата „Раздримување/disDRMing: Етичкото и естетичкото во ангажираната уметност“ е поддржана од Министерство за култура.
Strugaonline
Facebook Коментари