(ФОТО) Новата зграда во ООУ „Браќа Миладиновци“ е речиси готова, наскоро ќе биде отворена за учениците

- Локални
916

Новата зграда во склоп на ново ООУ „Браќа Миладиновци“  е во финални подготовки, учениците многу наскоро ќе ја продолжат оваа учебна година во современи услови, како што претходно вети градоначалникот Рамис Мерко.

Мерко утрово се сретна со дел од родителите на дечињата кои чекаат од старото Браќа Миладиновци, да се префрлат во  новата зграда и им овозможи да видат во какви услови ќе учат нивните деца.

Новинарска екипа на Strugaonline разговараше со дел од родителите кои истакнаа дека се многу задоволни од изгледот на новите простории.

„Условите се современи, има парно греење и се’ друго што е потребно за децата да поминуваат квалитетно време на училиште и образовниот процес да се одвива соодветно. Посебни простоии има за дечињата со посебни потреби, но, важно е да се напомене дека тие деца се во истата училишна зграда , не се изолирани, ќе влегуваат од истиот влез и ќе имаат исти права и услови за учење како и сите други ученици. Инклузијата во општеството на оваа категорија дечиња за нас е многу важна.“-истакна Лаура Шате, директор на ОУ „Браќа Миладиновци-Струга.

Во новата зграда ќе учат четристотини и триесет ученици од второ до четврто одделение во вкупно дваесет и четири паралелки.

За изградба на новата училишна зграда, освен средства од општината кои беа одвоени за оваа намена заедно со одлука Советот на Општина Струга, свој придонес дадоа фирми и бизнисмени од Струга.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари