Следуваат интензивни врнежи – детална метео анализа

- Македонија
668

Циклонот „Кармен“ полека ја зафаќа нашата територија па така во текот на денешниот ден најпрво ќе има локални врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи. Проширување на врнежите речиси насекаде и нивно интензивирање ќе има денес попладне и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден кога локално ќе биде и нестабилно со пороеон дожд, грмежи, заислен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на сосема редок град. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Ќе започне да дува јужен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет додека доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот од јужен во северен со што најпрвин од северните предели ќе започне заладувањето а врнежите ќе проболжат и утре кога заладувањето ќе се прошири насекаде. Утре максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 10 до 19 степени. Мали се условите за сосема слабо провејување на снег на највисоките планински врвови во државава. Според најновите метео анализи направени со помош на најпрецизните прогностички модели во текот на следниот период се очекуваат почести врнежи од дожд. Во Струга и околината од денес ќе растат условите за врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поинтензивни, а можна е и нестабилност проследена со грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари