Лев банер Десен банер

Под мотото „На прав пат“ СДСМ утре ќе одржи граѓанска трибина во Струга

СДСМ утре во Струга ќе одржи граѓанска трибина на која присутните ќе имаат можност да се информираат подетално за сите реализирани и планирани проекти на партијата. На трибината под мотото „На прав пат“ што ќе се одржи во 13:00 часот во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ќе гостуваат заменик претседателката на партијата, Г-ѓа Радмила Шеќеринска, пратеникот и член на Централниот одбор,Г-дин Јован Митрески и претседателот на комисијата за економија Г-дин Кирил Колемишески.

По повод утрешната трибина, прес-конференција за медиуми денеска одржа претседателката на ОО на СДСМ-Струга, Г-ѓа Соња Стојкоска.

Таа ги повика сите граѓани утре да бидат во струшкиот центар за култура истакнувајќи дека целиот период откако СДСМ ја води владата на Република Северна Македонија, партјата е посветена и транспарентна и одговорна пред своите граѓани.

„На средбите и во непосреден контакт со граѓаните изнаоѓаме решенија за нивните секојдневни проблеми и потреби. Правиот пат по кој чекориме ни донесе економски раст, ги враќа парите кај граѓаните, гради едно општество за сите, инфраструктура и патишта што не поврзуваат со нашите соседи.“ – рече Стојкоска, додавајќи дека партијата се грижи за најранливата категорија на граѓани и создава стабилност и безбедност.

Strugaonline

error: