Градоначалникот Мерко учествуваше на Kонференција за политиките кои ги спроведува САД во Западен Балкан
Вчера во Тирана се одржа конференција за Политиките кои ги спроведува САД во Западен Балкан каде што беа поканети многу познати политчки фигури како и експерти и аналитичари од целиот Балкан и пошироко, меѓу нив и Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко.

Некои од клучните теми на кои се дискутираше на конференцијата беа Политиките на САД во динамичен меѓународен систем и нивните придонеси за безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан, како и соработката меѓу САД и ЕУ за процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Градоначалникот Мерко после конференцијата се сретна и со познатиот американскиот експерт Даниел Сервер, Директор Академик за управување со конфликти на Универзитетот „Џон Хопкинс” и истиот го покани да ја посети Општина Струга.
Извор: Општина Струга

