Започна првата фаза од изградбата на армирано-бетонски потпорен ѕид во Пожарна- Струга

- Локални
1448

Во тек е изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид во Пожарна Струга. Oвој проект е плод на соработката помеѓу ТППЕ-Струга и Општина Струга.

Ѕидот е со должина од 20 метри и е првата фаза од целосниот проект , во најскоро време следуваат уште две фази по 20 метри.

Армирано-бетонски потпорен ѕид се гради како превентивна мерка поради тоа што земјиштето се пролизгува и има опасност за имотот и зградата каде се сместени просториите на ТППЕ-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари