Еурофарм Работник со гол во последна секунда славеше над Савехоф
Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен ја совладаа екипата на Савехоф со 32-31.

Нашите ракометари на полувреме водеа убедливо, со резултат 18-12, сепак, гостите сосема ја стопија оваа предност и на само 7 минути пред крајот на натпреварот израмнија на 27:27. Вистинска драма и неизвесност потоа донесе следното израмнување на 31:31. Еурофарм во последниот напад и во последната секунда преку Радовиќ го доби голот за победа, практично со звукот на сирената.
Најефикасни во тимот на Еурофарм беа Остроушко и Радовиќ со по 6 погодоци.
Strugaonline
фото: rkeurofarmrabotnik.com

