Време-Променливо облачно со врнежи до дожд

- Македонија
476

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во текот на денот во западните делови со повремен дожд. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари