Нов земјотрес со јачина од 5,1 по Рихтер во Албанија
Нов земјотрес од 5,1 степени според Рихтер го погоди подрачјето на Драч во Албанија-пренесоа медиумите во Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а забележан е на 25 километри од Драч односно 48 километри од Тирана. Засега нема информации за нови настрадани или рушење на објекти.

