Царинските службеници запленија плишани кинески играчки наменети за увозник од Лабиништа

- Локални
762

Во текот на месец декември, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани луксузен часовник, облека, обувки, цигари, компјутери, печатар, странски регистарски таблички, фалсификати и друго.

Meѓудругото, задржана е и  стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

2.134 плишани играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со царински инспектори од Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од с. Лабуништа, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Битола. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Извор: Царинска управа

Facebook Коментари