Од вечерва на полноќ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на бензините останува иста- соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката дизелот ќе се точи за 61 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари за литар.
Цената на бензните останува непроменета, па така и во наредните седум дена Еуросупер БС 95 ќе чини 68 денари, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 70 денари.
Цената на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,539 ден/кг и ќе изнсеува 37,885 денари за килограм.
Овие цени ќе важат во следните седум дена.
Strugaonline
Facebook Коментари