Време-Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
465

Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои повисоки места. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени. Утре претпладне со повремен локален дожд, на повисоките места и на планините со локален снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари