Ќе се реконструира и проширува патеката за пешаци и велосипеди во Струга
Во просториите на Општина Струга зе одржа презентација на проектот “Струга- Твојата туристичка дестинација”, проект за развој и промоција на туризмот, каде воглавно се дискутираше за реконструкција и проширување на патеката за пешаци и велисопеди долж ул. Партизанска.

-На јавната расправа беа поканети преставници од невладини организации, култруни здруженија и преставници од хотелско угостителскиот сектор за да бидат вклучени во дискусијата во врска со предвидените измени и реконструција во неколку зони на Општина Струга, како и за изградба и проширување на постојната патека за пешаци и велисопеди долж ул. Партизанска, патека долга околу 3 км. -информираат од Општина Струга.
-Целта на јавната расправа беше да се разменат идеи и предлози во врска со горенаведениот проект, кој што е финансиран од страна на Светска банка во соработка со Општина Струга, за да заедно изградиме подобра Струга.-додава тимот од Општина Струга.
Во видеото е прикажано како ќе изгледа патеката за пешаци и велосипеди:
https://www.facebook.com/komunaestruges/videos/1502070186623125/
StrugaOnline

