27 март 2020, Скопје – Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање на аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020.
Користење на оваа мерка можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт. Шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт).
Исто така, оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење заради здравствените мерки за спречување на ширење на Covid-19, доколку исполнуваат еден од следните услови:
–вкупните проходи им се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40% во однос на истиот период лани;
-бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во екномската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25% од вкупниот број на вработени во месец февруари
-даночниот обврзник затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува профитот.
Даночните обврзници – правни лица за да ја користат оваа мерка треба да ги исполнуваат следните услови:
– – Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност– освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
– Да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето
Даночните обврзници- физички лица кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност за да ја користат оваа мерка треба да го исполнат следниот услов:
– Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.
Strugaonline
Facebook Коментари