Мирче Аџиоски: Потребно е масовно тестирање во Струга и околината, Струга е на пат да стане ново жариште на вирусот

- Македонија
1597

-Во екот на пандемијата прогласена од СЗО, поради рапидното ширење на коронавирусот COVID 19, Струга е на пат да стане ново жариште во Република Македонија.-вели Мирче Аџиоски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Струга.

Во својата објава тој апелира на  што помасовно тестирање во Струга и во селата каде што до сега има официјално 24 наши сограѓани, инфицирани од COVID 19 и за жал 3 смртни случаи.

Во оваа ситуација не се важни ниту власт ниту опозиција,ниту вера ниту нација, важен е секој човечки живот! Ако е потребно нека се стават во карантин кризните села, со цел да им се помогне на тие луѓе, кои секојдневно стравуваат за сопствените животи, а доколку се процени дека е подобро и целосно Струга нека се стави во карантин. Министерството за здравство нека обезбеди тестови и со мобилни екипи да допре до сите наши сограѓани да им се понуди заштита и соодветен третман. Навистина е несериозно и безобразно кога во вонредна состојба Владата со уредба доделува плати на СЈО, во енормно големи цифри, а здравствените работници и припадниците на МВР се борат голораки во првите редови против COVID 19! А да не зборуваме за големата економска криза која многу долго ќе ја живееме и преживуваме!“ – пишува Аџиоски

Тој апелираше до владата и до градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко да ги прекинат сите привремени вработувања во државните институции, во Општина Струга и Јавните претпријатија кои немаат работа и тие парични средства да се пренаменат за обезбедување на заштитни средства за медицинскиот персонал во Струга.

Секојдневно да се дезинфицира во градот и околните села, а посебно во селата од каде што има наши сограѓани инфицирани со COVID 19.

„И на крај, би сакал да изразам сочуство до фамилиите на нашите сограѓани починати од  COVID 19 и на сите останати да им порачам,  да бидеме силни и обединети, да помагаме колку што можеме, да останеме дома и да спасиме човечки животи, само така ќе го пребродиме ова тешко време!“ – додава претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Струга.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари