Четири лица во Охрид не ја почитувале забраната за движење

- Локални
498
Во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно девет лица не ја почитувале забраната за движење  (Охрид-4,  Кичево-2, Дебар-3) .Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.04.2020 година, во атарот на кичевското село Осој, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Т.(22) врз М.Х.(20), двајцата од Кичево. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и  сообраќајни незгоди

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 103 лица во изолација (Охрид-69, Струга-23 и Кичево-11). Од страна на полициски службеници извршени се 80 контроли врз лицата во изолација (Охрид-69, Кичево-11).
Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов  изнесува 300 лица (Охрид-29, Струга-239, Кичево-16, Дебар-16). Врз овие лица, извршени се 50 контроли (Охрид-23,  Кичево-11, Дебар-16). Полициските службеници извршија 24 контроли на угостителски објекти.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(48) од струшкото село Лабуништа.На 31.03.2020 година во 01.20 часот, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење, поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници, во близина на селото го затекнале пријавениот како управува патнички автомобил. Истиот не поседувал соодветна дозвола за движење во време на полициски час.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари