Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ ќе организира Зимски поетски фестивал кој ќе се одржи во сабота, 25-ти февруари.
Четири поетски имиња од Европа и Македонија ќе се претстават со свои стихови на овој фестивал: Ласе Содерберг (Шведска), Хабиб Тенгур (Алжир), Хасан Зактан (Палестина) и Иван Џепароски (Македонија).
Свеченото отворање ќе биде во салата „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20.00 часот.
Facebook Коментари