Денеска во 13:00 часот, во „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која претседателот Пендаровски ги покани претседателите нa политичките партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. На лидерската средба ќе се разговара за актуелната состојба со коронавирусот и за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, односно за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.
Комисијата за заштита од заразни болести денес ќе расправа за евентуално олеснување на превентивните мерки воведени за заштита од ширењето на вирусот COVID-19. Здравствените власти, како што е најавено, одлуките ќе ги донесат врз основа на статистиката од последните два дена (11.05 и 12.05.2020 година, понедленик и вторник) за состојбата со епидемијата на коронавурос COVID-19.
Strugaonline
Facebook Коментари