Едно лице во Охрид и едно во Струга не го почитувале полицискиот час

- Локални
666

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид,  две лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-1, Струга-1) . Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 3 контроли врз  лица во изолација и 34  контрола врз лицата во самоизолација. Во истиот период, полициските службеници извршиле 61 контроли на угостителски и други  објекти.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари