Филипче го претстави протоколот за предизборниот процес и денот на изборите

- Македонија
877

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конферениција го претстави протоколот за предизборниот процес, како и за самиот ден кога би се одржале избори.

Протоколот е составен од четири дела, а за него ќе биде информиран претседателот Стево Пендаровски.

Тој потенцираше дека мора да се одржува дистанца, да се носат маски и често да се мијат рацете.

-При одржување на собири во кампањата мора да се придржуваат кон овие мерки,па дури и за помали собири да се користат разгласни уреди. Кампањата врата до врата да се води согласно истите протоколи. Партиските собири да се одржуваат на отворено , а во затворен простор не треба да траат повеќе од два часа. – рече Филипче.

На денот на избори членовите да носат маски и ракавици , да се проветруваат просториите или цело време да бидат отворени прозорците , гласачите да чекаат на дистанца , да се дезинфицираат пред и по гласањето , а маската да ја симнуваат кратко, само за идентификација.Во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

Филипче додаде дека ќе биде доставен предлог за продолжување на изборниот ден за два часа, за да не се создава гужва на гласачките места, а дали е можно продолжување на изборниот ден ќе треба да се изјасни Државната изборна комисија.

Strugaonline

Facebook Коментари