Време- Облачно со сончеви периоди и локални врнежи од дожд

- Македонија
424

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 24 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари