Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба.
„Тоа го анализирале денеска на состанок на Комисијата за заразни болести и ќе ја следат будно состојбата во наредните денови. Засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.“ – рече Филипче.
Тој информираше дека зголемен број на заболени има во скопските општини Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.
Филипче истакна дека загрижувачки фактор е непочитувањето на мерките за носење маски и одржување дистанца, исто така наведе дека не се почитуваат мерките за самоизолација, а и граѓани со решение за изолација шетале надвор.
Проблеми имало и при издавањето на решенија за изолација, дел од граѓаните давале лажни податоци и не соработувале со епидемиолозите.
Филипче од МВР побара поголема ажурност и санкционирање .
Strugaonline
Facebook Коментари