На денешен ден минатата година „Вардар“ по втор пат стана Европски шампион

- Македонија
638

На денешен ден минатата година, Вардар по втор пат стана шампион на  Европа откако во големото финале на Ф4 ја совлада екипата на Веспрем со резултат 27: 24.

Нашата херојска репрезентација имаше одлично прво полувреме. Вардарци беа во водство уште од самиот почеток на финалето, а во 13-та минута веќе имаа три голови разлика (8:5). Потоа водевме со 11:7,  пред крајот на првиот дел имавме и 16:10, а на одмор отидовме со 16:11.

Во вториот дел нашите ракометари имаа мала криза, на петнаесеттина минути пред крај имавме само еден гол предност , 20:19. Пoтоа следуваше нова неизвесност, но Вардар се врати со својата доминација и oглемата желба по втор пат да стигне на тронот на Европа. Донесе голема радост за сите кои со нетрпение го очекуваа ова големо финале. Потоа следуваше и големиот пречек на ракометарите во Скопје, незаборавни моменти за цела Македонија, а посебно за љубителите на ракометот и многубројните фанови на Вардар.

Strugaonline

 

Facebook Коментари