Лев банер Десен банер

Доколку не се влоши состојбата со вирусот, струшкиот ракометен турнир ќе се одржи со македонски екипи

Традиционалниот ракометен турнир што се одржува во Струга ќе се одржи и годинава , доколку нема влошување на состојбата со корона вирусот. Поради актуелната ситуација, одлучено е да биде изоставен меѓународниот карактер, а своите сили ќе ги измерат домашни екипи.

За одржувањето на турнирот да биде дефинитивно, се чека одобрени и дозвола од Кризниот штаб, по што и финално ќе бидат договорени учесниците и одреден датумот и термините на натпреварите.

Конечниот датум на турнирот не е дефиниран, се координира и со организаторите на струшките вечери на поезијата.

Доколку се оди според планот, годинава ќе продожи традицијата долга 47 години.

Strugaonline

 

error: