МВР: Полициски службеник и 12 други лица во државен карантин на сопствен трошок

- Македонија
487
Во државен карантин на сопствен трошок во последните 10 дена (12 јуни – 22 јуни) се спроведени вкупно 13 лица меѓу кои и и полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од стапување во сила на Уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, од 12.06.2020 до денеска во државен карантин на сопствен трошок се спроведени вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани се 707 прекршоци“, стои во соопштението од МВР.
Во изминатото деноноќие, според МВР, се издадени решенија за изолација на 566 лица, а 178 граѓани потпишале изјава за самоизолација. Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се констатирани две прекршувања на мерките.
Извор: МВР

Facebook Коментари