32 лица од Струга и 38 од Охрид ќе платат казна за неносење лична заштита

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 88 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 38, Струга 32, Кичево 16 и две во Дебар).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 6 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид

