Црн Дрим од Струга и ТФТ од Скопје се нови членови на Првата кошаркарска лига

- Спорт
102

Кошаркарскиот клуб Црн Дрим од Струга и скопскиот состав ТФТ се нови членови на Првата кошаркарска лига, одлучи Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ).

Црн Дрим и ТФТ пред прекинот на двете Втори лиги поради пандемијата на коронавирусот беа лидери на табелата и поради тоа добија  право за учество во елитата.

Првата лига сега брои 12 екипи. Следната сезона наместо две, ќе отпаѓаат четири екипи, за да се доведе до бројката од 10 екипи во Првата лига.

Извор: Ohridnews

фото: архива

 

Facebook Коментари