Заев во Струга- Нашата земја има потенцијал за создавање европски стандард на живеење

- Локални, Македонија
1001

Koалицијата „Можеме уште подобро и уште повеќе“, предводена од СДСМ вчера одржа граѓанска трибина во Струга.

-Дајте ни шанса да држиме економски лекции, не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на целиот регион. Оваа наша убава земја, има квалитетна почва, стратешка географска положба, работлив народ, млади образовани луѓе, со сиот овој потенцијал ние може еден ден да создадеме европски стандард на живеење, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на граѓанска трибина во Струга.

-Кога ќе ги погледнете платите во образование, во здравство, во социјална грижа, во сите сектори ќе видите дека ние навистина покажавме дека парите кај граѓаните не е слоган, парите кај граѓаните е верба дека кога парите ќе излезат од буџетот и ќе заминат во семејните буџети тие три пати ќе направат ќар за секој граѓанин и за сета држава, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во ИЕ5, Радмила Шекеринска.

-Граѓаните знаат дека некои од опозицијата одат по улиците и продаваат патриотизам, но вистински патриотизам е да ги решите проблемите на граѓаните. Патриотизам е кога минималната плата ќе ја зголемите од 9 на 14.500 денари, тоа се 5.500 денари месечно, 1000 евра годишно повеќе во џебот на работниците, патриотизам е кога ќе ја зголемите социјалната помош за 3 пати, истакна истакна носителот на листата во ИЕ5, Јован Митрески.

Strugaonline

Facebook Коментари