После три месеци пауза поради состојбата со КОВИД 19, танцовите клубови се враќаат на сцена. Комисијата за заразни болести и Владата на Република Северна Македонија дадоа зелено светло за враќање на културно-уметничкиот живот во новата нормалност. Струга во својот културно-уметнички ритам се враќа со Балетското студио ,,БАХ“.
,,Голема беше желбата за враќање на проби и на членовите на нашето студио и на тимот на Балетското студио ,,БАХ“. Среќни сме што од денеска се враќаме со истата љубов и посветеност во работата. Сите членови во Балетското студио „БАХ“ се подготвени и желни да се вратат на сцена. Почитувањето на протоколот подготвен за танцови клубови е сосема соодветен и ни овозможува да ги заштитиме нашите членови во целост, а квалитетот на танцувањето секако не се намалува. Ќе почнеме полека да се враќаме во форма, не практикував online часови бидејќи сметам дека танцот не е дисциплина што може да се реализира на далечина, а тоа да биде квалитетно. Имам талентирани и посветени членови и сигурна сум дека се враќаме во полн сјај. ,,-вели за Strugaonline Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио ,,БАХ“
Протоколот за работа на танцови клубови е објавен на веб-страната на Владата.
Strugaonline
Facebook Коментари