Цената на бензините од полнноќ се намалува за еден и пол денар, поради тоа што акцизата се намалува за еден денар. Акцизата за дизелот останува иста.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.07.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.
Facebook Коментари