Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 29 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.
Во Охрид само едно лице заработи казна поради неносење маска, во Струга 10, а во Кичево и Дебар по 9 граѓани.
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари