Лев банер Десен банер

Охридскиот пливачки маратон откажан поради пандемијата со коронавирусот

Меѓународниот охридски пливачки маратон што по традиција се одржува кон крајот на август, oваа година нема да се одржи поради пандемијата со коронавирусот.

– Овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020 година (34-от Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км и олимписка дисциплина 10км) нема да се одржат, поради светска пандемија COVID-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска здравствена организација за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика, стои во соопштението од пливачката федерација на Македонија.

Оттаму велат дека двата пливачки настани ќе се одржат следната година, пливачкиот маратон на 21-ви август, а трката на 10 километри една недела подоцна, на 28-ми август.

Strugaonline

фото: aрхива

error: