Струјата поскапува за 7.4 проценти

- Македонија
376

Цената на Електричната енергија за сите потрошувачи од први август се зголемува за 7.4 проценти, односно зголемувањето на просечна сметка од 1500 денари би било околу 100 денари, велат од Регулаторна. Евтината тарифа нема да се укине ќе може да се користи во истите термини како до сега.

Но од Регулаторна побараа од идната Влада да размислат за намалување на ДДВ за елетрична енергија од 18 на 5 проценти и зголемување на субвенциите за ранливите категории. За новата цена на парното ќе се одлучува во текот на август.

Извор: Сител тв

Facebook Коментари