Време-Облачно и свежо со пороен дожд, грмежи и ветер

- Македонија
374

Денеска ќе преовладува претежно облачно, посвежо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и особено од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 29 степени.Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари