Време-Променливо облачно со сончеви периоди, на места нестабилно со пороен дожд

- Македонија
449

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 30 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=8 . Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари