Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Н.(26) од охридското село Вапила. Тој на 04.08.2020 година, со употреба на физичка сила и подесен алат, влегол во куќа во селото Лескоец и одзел 30.000 евра и 5.000 денари. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари