Од утре (15-ти август) Црна Гора ги отвара границите за државјните на Република Северна Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Ова утрината за црногорските меиуми го изјавил директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д-р Бобан Мугоша.
За влез во државата најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки ELESA.
Според изјавата на Мугоша државата е во фаза каде се уште е висока локаната трансмисија, но е во целост контролирана.
Одлуката за отворање на границите е донесена на барање на турстичкиот сектор.
Facebook Коментари