Еурофарм Пелистер e победник на ракометниот турнир ,,Струга 2020“

- Локални, Спорт
786

Синоќа заврши  48-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга 2020 година.

Претстижната титула , победник на ова издание на турнирот со долга традиција ја понесе РК Еурофарм Пелистер .

Европскиот првак  Вардар го освои второто место, а најдобрата тројка ја заокружи РК Металург.

Најдобар голман е Градимир Чаневски, за МВП беше прогласен хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ.  За најдобар стрелец на Струшкиот турнир беше прогласен Тимур Дибиров.

Поради пандемијата со вирусот ковид 19, оваа година во Струга играа само македонски екипи, без присуство на публика.

Strugaonline

Facebook Коментари