Во Струга има 61 активен случај на КОВИД 19

- Локални
542

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 22-ри до 28-ми август 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 133 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 86 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 47 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 13 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 31, во Струга 61, а во Дебар 85.
– Во овој период оздравени се 45 лица од Охрид, 98 лица од Струга и 4 лица од Дебар
– Во овој период починати се 3 лица од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 28-ми август 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 333 лица во општина Охрид и Дебрца, 557 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 282, од Струга се 448, а од Дебар и Центар Жупа се 156 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 10 починати пациенти, од општина Струга се починати 48, а од Дебар и Центар Жупа се починати 11 лица.

– Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

–  правилна употреба на заштитна маска
–  одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
–  избегнување на јавни собири и групирања
–  често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни… Уживајте во летото, безбедно… Можно е – порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Извор и фото: ЦЈЗ Охрид

Facebook Коментари